Оваа војна мора да биде запрена. Ако не биде запрена во Украина, тогаш таа ќе се прошири понатаму. Не смее да се заборави дека оваа војна, може да предизвика и Трета светска војна. Ова во ексклузивно интервју за Канал 5 го изјави Владимир Кличко, еден од челниците на Украинските територијални одбранбени сили и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Руската агресија и инвазија врз Украина продолжува и влегува во интензивна фаза на активности и борби на југот и истокот на земјата, како и во регионот Донбас. Исто така борби има и во Мариупол. Сè уште се чека на коридор за цивилите и повредените да го напуштат градот, но тоа сè уште е под знак прашалник дали ќе се случи. Причината е што досега повеќепати ништо не беше сигурно што доаѓа од руската страна – потенцираше Кличко.

Тој смета и дека по завршувањето на војната со нивна победа, Украина ќе се трансформирала во една од водечките земји во Европа.

Од географски аспект ние сме најголема европска земја, со многу природни ресурси. Порта кон светот преку Црното море. Повеќе од сигурен сум дека се има почеток и крај и така оваа војна ќе дојде до својот крај со наша победа и со одбрана на нашиот територијален интегритет и без друга војска на нашата територија и посебно без „руска чизма” – заклучи Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.