Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија, изјави во четвртокот градоначалникот, Виталиј Кличко, додека руските сили се приближуваа до главниот град на Украина.

Според нашите информации, секој втор жител на Киев го напуштил градот – изјави тој за украинската телевизија.

Во моментов, нешто помалку од два милиони луѓе се заминати. Сепак, Киев е претворен во тврдина. Секоја улица, секоја зграда, секој контролен пункт се утврдени, изјави Кличко.

Според веб-страницата citypopulation.de минатата година во Киев, заедно со поширокиот дел на градот, живееле 3,5 милиони луѓе.

Руските сили со своите оклопни возила веќе се пред североисточниот дел на градот, додека според украинските сили имало тешки борби во текот на ноќта за контрола на главниот автопат кон Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.