Долниот дом на туркменистанскиот Парламент усвои резолуција за одржување на предвремени претседателски избори на 12 март.
Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, во Горниот дом на Парламентот изјави дека донел „тешка одлука“ и оти е подготвен да ја препушти власта на новата генерација.
Неговата изјава дека земјата треба да ја водат млади луѓе сугерира дека на местото на Бердимухамедов ќе дојде неговиот син Сердар.
Сердар Бердимухамедов досега извршуваше повеќе владини функции, а сега е заменик-претседател на Владата на Туркменистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.