Тим инженери од кинескиот Северозападен политехнички универзитет (СПУ) успешно лансирале пробна ракета, со што верификувале неколку нови технологии што ќе се користат на хиперсоничните ракети.

Научниците соопштија дека ракетата наречена „Фејтaјен-1“ е опремена со мотор што согорува керозин и забрзува до хиперсонична брзина без да користи штетно гориво, како што е течен водород.

Технологиите тестирани на оваа ракета може да се користат и за изградба на вселенски бродови, а тоа нуди нови можности за повеќекратна употреба на авиони, ракети и вселенски летала кои можат да летаат и во воздухот и во Вселената.

„Фејтајен“ се нарекуваат и вселенските одела што ќе се користат на новата кинеска вселенска станица.

Ова име се однесува на будистички божици кои летаат на небото, а на современиот кинески јазик тоа значи и летање, но без будистички контекст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.