Кина денеска повторно соопшти дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван, пишува Ројтерс.

Последното предупредување беше издадено за време на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Жао Лиџијан, исто така, рече дека поради статусот на Пелоси како „функционер број 3 на американската влада“, посетата на Тајван, за кој Кина тврди дека е свој, „ќе доведе до екстремно политичко влијание“.

Пелоси треба да ја започне турнејата низ четири азиски земји, тргнувајќи од Сингапур, во услови на интензивни шпекулации дека може да го ризикува гневот на Пекинг со тоа што ќе го посети и самоуправниот Тајван.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.