Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, коментирајќи го шестиот пакет европски санкции против Русија, порача дека новите антируски санкции не ја ублажуваат ситуацијата во Украина.
Кинескиот дипломат додава дека Европа и целиот свет плаќаат висока цена поради санкциите.
Фактите докажуваат дека притисокот од санкциите не е вистинскиот начин за решавање на украинската криза. Големите и неселктивни санкции наметнати против Русија од некои земји не ја ублажија ситуацијата во Украина. Напротив, Европа и светот платија и плаќаат висока цена за нив – истакна дипломатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.