Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП), Вилијам Лаи, победи на претседателските избори во Тајван.

Според речиси конечните резултати, Вилијам Лаи, кого кинеските власти го сметаат за сепаратист и „голема опасност“ за Кина поради неговата поддршка за независност, победи на изборите со 40,2 отсто од гласовите со преброени 98 отсто од изборните протоколи.

Кандидатите на тајванските опозициски партии – најголемата тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ) – и центристичката Тајванска народна партија (ТНП) го признаа поразот на претседателските избори.

Ги разочарав сите, за што се извинувам најдлабоко, простете, ние сме виновни. Им честитам на Вилијам Лаи и Ксијао Мејцин“, изјави кандидатот на Куоминтанг, Хоу Јуи.

Од своја страна, претседателот на ТНП, Ко Венџи, им се заблагодари на своите поддржувачи за нивната поддршка.

Следниот пат ќе можеме да ја преземеме власта и да ја вратиме земјата“, рече тој.

Според податоците на Централната изборна комисија на Тајван, Хоу Јуи, заврши на второто место со 33,4 отсто од гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.