Најмладиот екипаж кинески астронаути утринава замина за кинеската вселенска станица во рамки на вселенската мисија Шенжу-17.
Вселенското летало Шенжу-17, или „Божествен брод“, со тројца патници „тајконаути“ (по кинескиот збор за вселената „тајконг“) полета со ракета „Долг марш-2Ф“ од центарот за лансирање сателити Џијучуен во северозападна Кина, соопшти Кинеската вселенска агенција за мисии со човечки екипаж.
„Тајконаутите“ Танг Хунгбо, Танг Шенџие и Џианг Синлин треба да го заменат екипажот на мисијата Шенжу-16, која е во вселенската станица речиси пет месеци и се подготвува за пристигнување на екипажот на Шенжу-17, што е досега најмладиот екипаж тајконаути од изградбата на кинеската вселенска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.