Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, порача дека Cеверна Кореја ќе продолжи да развива „значајни ударни капацитети“ и да ги подобрува своите стратешки сили.

Ким ваквата изјава ја даде при посетата на работниците кои учествувале во изведбата на ракетното тестирање од пред четири дена, јавуваат севернокорејските државни медиуми.

Британските медиуми објавија дека Пјонгјанг во четвртокот ја тестираше својата досега најголема интерконтинентална балистичка ракета, што наиде на осуда од меѓународната заедница, а особено од САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.