Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пилотирал нов тенк што го нарекол „најмоќен на светот“ за време на воена вежба, што е одговор на Пјонгјанг на 11-дневните јужнокорејско-американски воени маневри кои завршуваат денеска, пренесува АП.

Воената вежба на севернокорејската војска во средата беше дизајнирана да ја тестира борбената способност на оклопните единици и вклучи нов тенк кој Ким го нарече „најмоќен во светот“, објави КЦНА.

За време на вежбата, оклопните единици се движеа во различни симулирани тешки борбени услови и ангажираа цели, при што Ким го пилотираше единствениот од тенковите од нов тип, се вели во соопштението на КЦНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.