Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отпушти својот началник на Генералштабот и повика на дополнителни подготовки за можноста за војна, како и зголемено производство на оружје и проширени воени вежби, објави во четвртокот државниот медиум КЦНА.

Ким го изјави ова на состанокот на Централната воена комисија, на која се разговараше за плановите за контрамерки за одвраќање на неименуваните непријатели на Северна Кореја, според КЦНА, како што пренесе Ројтерс.

Началникот на Генералштабот Пак Су Ил е „отстранет“, објави КЦНА, без да даде детали.

На таа позиција беше околу седум месеци.

Пак беше заменет со генералот Ри Јонг Гил, кој претходно беше министер за одбрана на земјата, како и врховен командант на нејзините конвенционални трупи.

Ри, исто така, претходно ја извршуваше функцијата началник на Генералштабот.

Кога беше сменет во 2016 година, а подоцна отсутен од официјални настани, во Јужна Кореја се шпекулираше дека е погубен.

Тој повторно се појави неколку месеци подоцна кога беше назначен на друга повисока функција.

Ри, исто така, претходно служеше како началник на Генералштабот на армијата. Кога беше сменет во 2016 година, неговото разрешување и последователно отсуство од официјални настани поттикнаа извештаи во Јужна Кореја дека тој бил погубен. Повторно се појави по неколку месеци кога беше назначен на друга повисока функција.

Ким, исто така, постави цел да го прошири капацитетот за производство на оружје, се вели во извештајот без да се наведат детали.

Минатата недела тој посети фабрики за оружје каде повика на изградба на повеќе ракетни мотори, артилерија и друго оружје.

Фотографиите објавени од KCNA покажуваат дека Ким на мапа покажува кон Сеул и областите околу главниот град на Јужна Кореја.

Соединетите Американски Држави ја обвинија Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје за војната во Украина, вклучувајќи артилериски гранати, ракети и проектили.

Русија и Северна Кореја ги отфрлија тврдењата.

Ким, исто така, ја повика војската да спроведе вежби со најновото оружје и опрема за да бидат подготвени за борба.

Северна Кореја треба да одржи парада на милицијата на 9 септември, по повод 75-годишнината од Денот на основањето на Републиката.

Северна Кореја има бројни паравоени групи кои ги користи за да ги зајакне своите воени сили.

САД и Јужна Кореја ќе одржат воени вежби меѓу 21 и 24 август, што Северна Кореја ги смета за закана за нејзината безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.