Британската потсекретарка за надворешни работи Џилијан Киган во врска со делумната мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин, рече дека тоа е „сериозна и загрижувачка закана“.

Тоа е сериозна закана, но закана што е веќе упатена – изјави Киган за Би-Би-Си.

Таа додаде дека коментарите на Путин треба да се сфатат сериозно и повика на смиреност пред неговата закана за употреба на нуклеарно оружје.

Некои од зборовите на крајот беа доста вознемирувачки. Тоа е нешто што треба да го сфатиме многу сериозно бидејќи, знаете, ние не контролираме. Не сум сигурна дека ниту тој има контрола. Мислам, ова е јасно ескалација – додаде таа.

Според неа, во целото обраќање на Путин, како што рече, „можеа да се слушнат нови лаги“.

Тоа беше повторно пишување на историјата – рече Киган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.