Властите во Киев денеска соопштија дека нивната армија убила и повредила околу 500 руски војници во артилериски напад во областа Херсон во јужна Украина, јави ДПА.
Загубите на непријателот изнесуваат 500 мртви и ранети“, соопшти украинскиот Генералштаб во врска со нападот кај селото Чулакивка на новогодишната ноќ. Цифрата на загинaти и повредени не може засега да се потврди од независни извори, јави ДПА.
Генералштабот соопшти дека на 1 јануари биле погодени и руски единици во селото Федоривка. Бројот на жртви се уште е нејасен.
Федоривка и Чулакивка се наоѓаат на југоисточната страна на реката Днепар во руски окупираниот дел од регионот Херсон.
Информациите за експлозиите доаѓаат откако Киев вчера објави дека во напад на новогодишната ноќ загинале стотици руски војници во привремено засолниште во градот Макијивка во областа Доњецк во источна Украина. Руското Министерство за одбрана ја призна за 63 загинати војници.
Според извештаите на медиумите, убиените се резервисти повикани за време на делумната мобилизација на Москва.
Денешната погребна служба одржана во рускиот град Самара за војниците убиени во нападот, беше искористена како про-воен митинг од страна на про-Кремљ групи.
„Го уништуваме непријателот“, рече една од говорниците, сопруга на генерал, во коментар за локалните медиуми. Околу 500 луѓе имаше на погребната поворка, се вели во извештаите.
На фотографии е покажано дека артилерискиот напад целосно ја уништил зградата.
На руските социјални мрежи имаше критики за сопственото воено раководство на земјата, кое ги смести војниците во затворен простор, блиску до местото каде што се чува оружје и муниција.
На погребот на Самара немаше дискусија за грешки на руските генерали или за присуство на руски војници во Украина. Присутните се изјаснија за продолжување на војната, јави ДПА.
Во меѓувреме, британските воени експерти велат дека е малку веројатно Русија да постигне голем пробив во близина на украинскиот град Бахмут во наредните недели.
Украинските трупи ги зајакнаа своите позиции, напиша Министерството за одбрана во дневното ажурирање на разузнавањето.
Според ажурирањето, руските напади неодамна се намалија – откако го достигнаа привремениот врв во средината на декември. „Двете страни претрпеа големи жртви“, се вели во извештајот.
Претседателот на Русија, Владимир Путин досега не кажа ништо за нападот, но потпиша декрет за семејствата на војниците на Националната гарда убиени за време на должност да бидат исплатени 5 милиони рубљи (69.000 долари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.