Украинските власти тврдат дека руската авијација со ракети воздух-земја нападнале цели во западна Украина.
Според таквите тврдења, најмалку шест бомбардери Ту-95 истрелале ракети воздух-земја против цели во Луцк и во Ивано-Франковск.
Како што јавија дел од украинските медиуми, во Луцк била погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат бил и централниот украински град Днипро.
Украинските воздухопловни сили, пак, соопштија дека извршиле околу 10 мисии со борбени авиони МиГ-29 и Су-27, меѓу кои и напад врз непријателски авиони.
Според украинските власти, при синоќешниот руски воздушен напад врз воениот аеродром во Василков, јужно од Киев, биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво. При нападот целосно е уништен аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.