Руските сили ја гранатираа цивилната инфраструктура на Харков и Харковската област, при што е погодена и една печатница, пренесува Украинска правда.
Во нападот загинаа седум лица, а бројот на ранети се искачи на 20, објави на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби на Украина.
Олег Сињегубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека Русите погодиле цивилни инфраструктурни објекти во Харков, но го нападнале и градот Золочив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.