Украинскиот генерал Алексеј Громов денеска изјави дека нема да има прекин на огнот за време на новогодишните и божиќните празници.

Целосен прекин на огнот ќе има само кога на нашата земја нема да има ниту еден окупатор – рече Громов.

Тој оцени дека Русија се обидува војната во Украина да ја претвори во долгорочна воена конфронтација, како и да врши обука на нови единици на територијата на Белорусија, пренесува „Ројтерс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.