Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, на конференција во Киев изјави дека Украина би можела да ги гаѓа иранските проектили на нивните локации за лансирање, кои се наоѓаат длабоко во Русија.

Тие мора некако да се уништат, веројатно од местото каде што се лансирани, затоа што немаме ефективни средства за борба против балистичките проектили, освен нивното физичко уништување во фазата на лансирање, посочува портпаролот.

Ихнат рече дека иранските проектили имаат „дострел од 300 до 700 километри, што во принцип нема да биде ништо ново за Украина, бидејќи Искандерите од руско производство се користат уште од првиот ден на војната“.

Мислам дека и врвот на армијата и нашите партнери работат на ова прашање, барајќи ефективни начини да се спротивстават на овие нови закани, потенцираше Ихнат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.