Украина го отфрли предлогот на Москва за хуманитарни коридори кон Русија и Белорусија, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Тоа не е прифатлива опција, истакна таа откако Русија предложи преминување на цивили од Харков, Киев, Мариупол и Суми.

Верешчук нагласи дека „цивилите нема да одат во Белорусија, а потоа да се качат во авион кон Русија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.