Портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер изјави дека три болници во Газа побарале помош за евакуација на пациентите и додаде дека планирањето е во тек.
„Меѓу нив се и болницата Ал Шифа, од која веќе се спасени група бебиња, како и индонезиската болница и болницата Ал Ахли“, рече Линдмајер на брифинг со новинарите во Женева.
Според палестинското Министерство за здравство, повеќе од две третини од болниците во Појасот Газа престанале да работат поради израелските напади, додека останатите девет болници се делумно во функција.
Од почетокот на нападите, 18 болници се затворени и евакуирани, вклучително и три болници во изминатите три дена: Ал-Наср, Рантиси и Ал-Кудс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.