Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно му се закани на Западот, велејќи дека Русија никогаш нема да дозволи да губи битки.

Тој во видеото рече дека секогаш има опција да го притисне копчето и да каже „Салам Алејкум“.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, објави видео на кое чеченскиот лидер Рамзан Кадиров зборува и директно се заканува со нуклеарен напад на Западот.

Русија е голема земја, нуклеарна земја. Русија никогаш нема да дозволи да изгуби ниту една битка, можеме да притиснеме копче и „Салам Алајкум“. Како што вели нашиот претседател, дали навистина ни треба свет без Русија. Зошто да им дозволиме на тие гадови да живеат кога ние не можеме? Нека не снема сите, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот – рече Кадиров со насмевка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.