Тврдокорниот ирански свештеник, Ахмад Катами, изјави дека иранското правосудство треба да преземе построги мерки против учесниците на протестите, а сите што мислат дека владата во Иран ќе биде соборена грешат.
Катами, за време на проповед во Техеран, порача дека иранското правосудство мора да се справи со демонстрантите на таков начин што другите да не помислат да учествуваат во немирите.
Протестите во Иран траат од 16 септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше приведена од полицијата за морал поради неправилно носење на хиџаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.