Новоизбраната унгарска претседателка Каталин Новак денес ја презема функцијата од претседателот Јанош Адер. Таа е првата жена – претседател на Унгарија и беше избрана како кандидат на владејачката партија Фидеш.

– Со среќа госпоѓо претседател, порача премиерот Виктор Орбан, кој денес се сретна со Новак.

Нејзината формална инаугурација во палатата Шандор ќе се одржи во саботата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.