Мексиканските власти соопштија дека масакрот на 20 граѓани во јужно Мексико е дело на нарко-бос кој ги користел социјалните мрежи за да обвини ривалска банда.

Мексиканските нарко-картели сè почесто ги користат социјалните мрежи за да ги обвинат своите ривали за нападите и на тој начин да ги доведат во заблуда властите и јавноста.

Рикардо Мехија, помошник секретар за јавна безбедност на Мексико, денеска изјави дека властите извршиле рација на пет имоти на браќата Хуртадо, кои работат под името на картелот „Фамилија Мичоакана“. Во овие рации беа пронајдени ранчови, луксузни куќи, животни како тигри, зебри, антилопи…

Градоначалникот, неговиот татко и уште 18 мажи беа убиени во нападот на 5 октомври во градот Тотолапан. Одговорноста за нападот првично беше преземена во видео кое и се припишува на речиси исчезната банда позната како „Текилерос“. Мажите во мрачното видео рекоа дека го извршиле нападот и повторно го зазеле Тотолапан.

„Текилеросите“ долго време го тероризираа градот, но беа протерани пред многу години од група „одмазници“ за кои се верува дека се поддржани од „Фамилија Мичоакана“, која доминира во областа.

Хозе Алфредо Хуртадо, кој ја води „Фамилија Мичоакана“ заедно со неговиот брат Џони, објави видео неколку дена подоцна во кое вели дека тој бил цел на пукањето и за влакно избегал.

Според истрагата, тие извршиле масовна егзекуција и се обиделе да направат да изгледа како некоја друга група, вели Мехија.

Во Мексико, жителите на градовите под притисок на еден картел често формираат групи „одмазници“ и се обраќаат кон ривалските картели за помош во борбата против угнетувачот.

Картелите заработуваат голем дел од своите пари во Мексико со изнудување исплати за заштита на локалните фармери и бизнисмени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.