Американската вселенска агенција, НАСА, одлучи дека е премногу ризично двајца астронаути Сунита Вилијамс и Бери Вилмор да се вратат на Земјата во проблематичната нова капсула на „Боинг“, „Старлајнер“, па ќе мора да почекаат до следната година за да се вратат со помош на „Спејс Икс“.

Пилотот Вилијамс и командантот Вилмор полетаа со новото вселенско летало на Боинг на 5 јуни и требаше да останат во орбитата осум дена по приклучувањето со Меѓународната вселенска станица.

Сепак, поради проблеми со погонскиот систем на „Старлајнер“, враќањето на астронаутите на НАСА на Земјата беше одложувано неколку пати. Таму се веќе повеќе од два месеци.

Леталото „Спејс Икс“ треба да биде лансирано следниот месец како дел од рутинска мисија.

Вилијамс и Вилмор го поддржаа овој план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.