Канадскиот премиер Џастин Трудо, соопшти дека неговата земја, поради случувањата во Украина, испраќа 150 дополнителни војници во Летонија и ги проширува своите воени операции во Источна Европа.
Канадските сили првпат беа испратени во Европа во 2014 година и се проширија во Латвија во 2016 година. Трудо не откри други детали.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој заедно со Трудо е во посета на Летонија, порача дека рускиот претседател Владимир Путин „сериозно ја потценил“ Украина, како и решеноста на НАТО.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој исто така е во Летонија, изјави дека Путин е „сам“ и оти светот е со Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.