Четиринаесет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во западна Украина кога камион удрил во минибус.

Загинале 12 патници и двајца возачи, а една жена преживеала со тешки повреди. Меѓу загинатите патници има и шестгодишно дете. Поради несреќата е поведена кривична постапка.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот и 45 минути по локално време недалеку од селото Верхив во Ривањската област, напиша на Телеграм, шефот на регионалната воена управа Олександр Ковал.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја спомена несреќата во своето редовно вечерно обраќање и изрази сочувство до семејствата на жртвите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.