Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети и рече дека потегот на Техеран речиси целосно пропаднал.

Според Камерон, фокусот треба да остане на постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Доколку сте во Израел утрово, сосема со право мислите дека имате целосно право да одговорите на ова и тие (Израел) го имаат тоа. На многу начини, ова е двојна загуба за Иран. Нападот речиси целосно пропадна и тие му открија на светот дека тие се лошото влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Затоа се надеваме дека нема да има одмазда, додаде Камерон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.