Воените експерти се прашуваат како е можно најсилната противвоздушна одбрана наречена „Железна купола“ не ги спречи нападите на Хамас од територијата на Палестина.
Оваа одбрана целосно затаи што резултираше со стотици мртви Израелци.
Железната купола“ е мобилен систем за противвоздушна одбрана, кој работи во сите временски услови. Односно, барем така треба да биде.
Стана во функција во 2011 година. Како што објави „Блумберг“ пред неколку години во видео за оваа технологија, за нејзиниот развој се потрошени приближно 200 милиони долари. Сепак, тука се работи само за развој, до денес се инвестирани многу повеќе пари во целиот систем.
На земја се поставени мобилни возила со ракети. Станува збор за исклучително мобилен систем, кој може целосно да се префрли од едно место на друго во рок од неколку часа.
„Железната купола“ е на удар по жестокиот напад на Хамас пред неколку дена. Хамас го прегази тој моќен израелски противвоздушен систем со невидена маса ракети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.