Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченците и еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, му се обрати на Телеграм на украинскиот претседател. Кадиров на Володимир Зеленски му се обрати по повод денешните жестоки напади на Киев и други украински градови.
Зеленски се жали поради нападите на Киев и други градови. А што ти, Зеленски, наивен еден, мислеше? Дека ти можеш а другите не можат? Односно, осум години можеше да бомбардираш цивили, да уништуваш инфраструктура во градовите во Луганск и Доњецк, да гранатираш нуклеарна централа, да креваш во воздух мостови, да пукаш во важни објекти, а но кога ќе дојде кај вас, одеднаш тоа е невозможно?
Зеленски, те предупредивме дека Русија уште не ни почнала и да престанеш да се жалиш. Подобро ти е да бегаш пред сè да те стигне. Трчај, Зеленски, трчај без свртување кон Западот, напиша чеченскиот лидер.
На крајот на постот тој порача дека сега е „сто отсто задоволен од специјалната воена операција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.