Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека Русија не е против Украина, туку против НАТО.
– Денес не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, нивните платеници се таму, изјавил Кадиров, пренесуваат руските медиуми.
Кадиров претходно изјави дека агресијата, или како што тој ја нарекува – „специјална операција во Украина”, се одвива според планот.
Кадиров во острото обраќање до јавноста рече и дека германскиот канцелар Олаф Шолц „се однесува шизофренично”, а секако ги коментираше и потезите на американскиот претседател Џо Бајден.
– Американскиот претседател Џо Бајден му диктира на Западот, иако самиот ништо не сфаќа, рекол Кадиров, пренесува Н1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.