По нападот со дрон врз Москва, лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм објави дека во Русија треба да се прогласи вонредна состојба.
– Сметам дека е неопходно да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства наменети за оваа цел за да се исчисти целата оваа терористичка ќелија одеднаш. Верувам дека треба да се користат термините „украинска армија и украински политичари“, но наместо тоа – само терористи – напиша Кадиров, пренесе РИА Новости.
Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека денеска Украина извршила терористички напад со дронови врз објекти во Москва.
Во соопштението на руското Министерство се наведува дека нападот бил извршен со осум беспилотни летала, од кои пет биле соборени од артилерискиот систем за противвоздушна одбрана во московскиот регион, додека три беспилотни летала биле неутрализирани по електронски пат и пренасочени од патеката кон програмираните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.