Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров по заземањето на градот Авдијивка во источна Украина изјави дека Русија со уште поголеми чекори оди кон Киев.

– Авдијивка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори кон Киев – изјави Кадиров пред новинарите.

Тој тврди дека украински сили „пукале врз цивили во Донбас“ од Авдијивка и оти поради тоа било многу важно да се преземе контролата врз тој град, кок се наоѓа северно од Доњецк.

Не е само Авдијивка. Заземени се и неколку други села. Секој сантиметар земја што го заземаме ни е неопходен затоа што има бандити, терористи, ѓаволи… Тие немаат ништо свето, затоа мора да бидат уништени. Гаѓаат цивили… А врховниот командант не ни дава можност да извршиме специјална операција во полн ек поради фактот што таму има цивили, вели Кадиров.

Руските сили воспоставија целосна контрола над Авдијивка во саботата. Заземањето на стратешки важниот град овозможи да се оддалечи линијата на фронтот од Доњецк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.