Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му нуди на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, хонорарна работа на телевизија, кога ќе заврши руската воена акција во Украина.
Кадиров, на својот Телеграм канал ги објаснува условите кои треба да ги исполни Зеленски за такво нешто.
Штом Зеленски одговори на нашиот повик да престане да пружа отпор и да седне на преговарачка маса, ќе му дадеме шанса. Можеме дури и да организираме специјална емисија во Грозни на телевиизјата ЦГТРК – напиша Кадиров, спомнувајќи ја кратенката на државната телевизија со седиште во главниот град на Чеченија.
Според Кадиров, тој дал таква понуда на барање на еден од неговите сонародници, кој моментално учествува во специјалната операција во Украина.
По завршувањето на воената операција, поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработува, а Ајуб побара да му се даде шанса да игра во „Веселиот и снаодлив клуб“ на Чеченската Република – вели Кадиров.
Чеченскиот лидер додава дека ваквата негова понуда има ограничен рок и дека очекува одговор пред да биде предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.