Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, коментирајќи ги зборовите на командантот на баталјонот „Азов“, Денис Прокопенко, дека во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има цивили, истакна дека Русија отсекогаш била за организирање хуманитарни коридори, додека азовските фашисти го користат населението како жив штит.

Погледнете го тоа гнасно лицемерие и лаги на азовските криминалци кои се сместија во зградите на „Азовстал“. Руската страна секогаш се залагаше и бараше организирање хуманитарни коридори за цивилите, обезбедувајќи им заштита, засолниште, храна, медицинска нега, додека азовските фашисти ги користеа како жив штит – истакна Кадиров на Телеграм.

Русија проценува дека 2.500 украински војници и околу 400 странски платеници се утврдени во тунелите и подрумите на индустрискиот комплекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.