Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, жив го закопал вицепремиерот на својата земја, објави рускиот канал на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“. Елкан Сулејманов наводно бил личен лекар на Кадиров, кого лидерот на Чеченија го обвини за влошување на неговата здравствена состојба, пишува германски Билд.

Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Каналот на Телеграм „ВЧК-ОГПУ“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа.

Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му давал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека поради нив му се слошило.

За мистериозното исчезнување на Сулејманов на Твитер напиша и украинскиот функционер Антон Герашченко.

Засега нема официјална потврда дека Сулејманов е мртов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.