Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, поставил нови задачи во рамките на специјалната операција во Украина, што ќе го забрза нејзиното темпо.

По вчерашната средба со Шојгу, Кадиров на Телеграм напиша дека задачите што ги поставил Шојгу вклучуваат подобрување на натамошната тактика.

Преземените мерки ќе овозможат значително зголемување на ефикасноста на офанзивните маневри, што ќе придонесе за спроведување на специјална операција со побрзо темпо – порача Кадиров.

Во меѓувреме продолжуваат борбите во Донбас, каде што руските сили тргнале кон Славјанск, а битките се водат и во Свјатогорск. Северодонецк е практично целосно заземен, а украинските сили се повлекле во Лисичанск, кој се наоѓа на рид, што на украинската армија и дава подобра позиција за одбрана.

Борбите продолжуваат и во областа Авдеевка – едно од најсилните утврдувања на украинската армија, а вооружените сили на Украина без поголем успех се обидуваат да почнат контраофанзива во насока на регионот Херсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.