Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, предвидува „холивудски“, но не и среќен крај за членовите на националистичкиот украински баталјон „Азов“, кои се забаракидирани во фабриката „Азовстал“ во Мариупол.

Кадиров на Телеграм напиша дека членовите на „Азов“ ја користат таа фабрика како штаб и дека индустрискиот комплекс го претвориле во вистинска тврдина со бункер.

Нема да има среќен крај за злото – порача Кадиров.

Претходно, руските сили соопштија дека во „Азовстал“ се засолнети неколку илјади припадници на баталјонот „Азов“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.