Три дена од официјалното соопштение за смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, на неговото семејство се уште не му е дозволено да го превземе неговото тело, дури пак ниту да го види.
Од казнената колонија, мајката на Алексеј, Људмила Навални е известена дека телото на нејзиниот син е префрлено во мртовечница во градот Салекхард, но од таму тврдат дека телото не е кај нив.
Сега исплива снимка од камери, на која се гледаат четири комбиња како по заледениот пат во градот Лабјтнанги, кој е најблиску до затворот и градот Салехард, како сред ноќ, следени од службени возила од затворот, го поминуваат заледеното пространство на реката Об кон Салехард. Постои реален сомнеж дека токму телото на Навални, било во некое од тие комбиња.
На документот кој Људмила го добила во затворот, стои дека Алексеј починал на 16 февруари во 14.17 часот. Затвореник пак од колонијата за Новаја Газета Европа, рекол дека затворениците за смртта знаеле 4 часа порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.