Во Јужна Кореја се појави можноста да биде забранета социјалната мрежа Телеграм.

Ова доаѓа откако во земјата е отворена истрага за „дипфејк“ порнографски измами на Телеграм.

Полицијата во Сеул соопшти дека примила десетици поплаки за ширење порнографски материјали генерирани од вештачка интелигенција со лица на вистински луѓе.

Ваквата вест за Телеграм доаѓа откако во Франција беше приведен основачот на Телеграм Павел Дуров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.