Како потписник на Римскиот статут на Меѓунарот кривичен суд, Јужна Африка е законски обврзана да постапи по налогот за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин доколку тој присуствува на Самитот БИРКС во август во оваа земјата, пренесува The New Voice Of Ukraine според објава на Sky News.

Според руските медиуми, Јужна Африка очекува Путин лично да присуствува на самитот на БРИКС во Дурбан овој август.

Во извештајот се истакнува дека ова би создало дополнителни дипломатски тешкотии за Москва, но дури и ако диктаторот одлучи да дојде, „се смета дека е многу далечна можноста претседателот на земјата домаќин, Кирил Рамафоса, да им нареди на своите сили да го одведат Путин со лисици”

Во 2015 година, Јужна Африка одби да го уапси суданскиот претседател Омар ал-Башир, кој исто така беше под налог на МКС.

Јужна Африка останува страна потписник на Римскиот статут и покрај обидите да се повлече од договорот по скандалот со Ал Башир.

На 17 март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот диктатор Путин, поради руски воени злосторства извршени во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.