Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека Шведска ќе направи пауза со плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина, со цел да се овозможи воведување на борбените авиони Ф-16.

Јонсон за шведската агенција ТТ изјави дека планот е ставен во мирување на барање на другите членки на НАТО, кои повикуваат да се почека со „Грипен-ите“, пренесуваат британските медиуми.

-Ова е поврзано со фактот дека фокусот во моментов е на воведувањето на системите Ф-16, рече Јонсон.

Украина лани ги започна преговорите со Шведска за набавка на авионите „Грипен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.