Европа е изложена на зголемена терористичка закана поради војната во Газа, изјави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија, нагласи еврокомесарката.

Јохансон како пример го посочи нападот со нож во саботата во Париз, во кој загина германски турист и беа повредени уште двајца, како и други инциденти.

Еврокомесарката најави дека ќе бидат доделени дополнителни 30 милиони евра за заштита на клучните места, како што се верските.

Се очекува министрите за внатрешни работи од Унијата да одржат консултации поради војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред на состанокот е предвидена и дискусија за Шенген зоната, како и за напредокот на реформите за азил и миграција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.