Две силни експлозии денеска се слушнаа во главниот град на Сирија, Дамаск, а сириските државни медиуми јавија дека тие би можеле да бидат предизвикани од израелски напад.
Ова е редок случај на дневни напади во Сирија, бидејќи израелската војска вообичаено цели на воени објекти ноќе, се вели во медиумските извештаи.
Сириската воздушна одбрана пресретна израелски напад со проектили на некои точки во околината на Дамаск, соборувајќи ги повеќето од нив, јави сириската агенција Сана.
– Околу 14 часот во понеделникот, израелскиот непријател започна воздушна агресија со проектили истрелани од северот на окупираните палестински територии, гаѓајќи некои позиции во околината на Дамаск, изјави воен извор за Сана.
Според изворот, сириската армија ги пресретнала проектилите и повеќето ги соборила. Во нападот е повреден еден војник и предизвикана е материјална штета.
Израелската војска ги засили нападите на сириските аеродроми, вклучително и меѓународниот аеродром во Дамаск, за да ја попречи се почестата испорака на оружје за сојузниците на Иран во Сирија и Либан, вклучително и Хезболах, соопштија дипломатски и разузнавачки извори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.