Палестинка, која со нож се заканувала на израелски војник на окупираниот Западен Брег, била застрелана од израелските безбедносни сили, соопштија од израелската армија. Од локалната болница потврдиле дека жената починала од раните, пренесува Ројтерс.

Војската соопшти дека „напаѓач вооружен со нож се упатил кон припадник на израелските одбранбени сили кој вршел рутински безбедносни активности“ и дека „војниците одговориле со огнено оружје“.

Болницата во блискиот палестински град Хеброн ја потврдила смртта на 31-годишна жена, за која Клубот на палестинските затвореници соопшти дека, претходно оваа година, кратко време била во израелски затвор, пренесува Ројтерс.

Израелско-палестинското насилство се интензивираше во последниве недели со речиси секојдневни рации и апсења во областите под палестинска управа на Западниот Брег и немири околу планината на храмот во Ерусалим, свето место за христијаните, муслиманите и Евреите.

Меѓу инцидентите имаше и неколку смртоносните палестински напади во Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.