Жителите на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа се жалат дека израелските војници постојано ги прекопуват гробниците на гробиштата Бани Сухаил во палестинската енклава.
Израелската армија не ги коментираше овие тврдења, но претходно сooпшти дека гробиштата се прекопани со цел да се најде и уништи тунел во кој наводно се наоѓа командниот центар на палестинската група Хамас.
Според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, сквернавењето на гробовите претставува воено злосторство. Поради израелските воздушни напади, големите гробишта во Газа станаа опасни, па семејствата своите мртви ги погребуваат на неформални гробишта.
Гробиштата во Кан Јунис беа оштетени неколку пати од израелските воздушни напади, како и за време на копнените операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.