Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари упати „итна молба“ до граѓаните на северниот дел на Газа и градот Газа „веднаш“ да заминат на југ.
Во објава на X, Хагари истакна дека ќе можат да се вратат во своите домови кога ќе завршат „интензивните непријателства“.
Тој додаде дека Хамас ги става во опасност нивните животи ставајќи оружје во цивилни области и оти Израел нема да ги заборави бруталните напади на групата на 7 октомври.
Вашиот простор за дејствување се затвора. Движете се кон југ за ваша безбедност, нагласи Хагари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.