Израелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија.

Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“.

Во претходната минатонеделна размена на оган беа истрелани повеќе од 50 ракети од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел.

Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.