Еден израелски војник загина, а тројца се ранети откако Хамас ги нападна војниците кои спроведуваа операција на границата со Појасот Газа, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.

Според ИД, „палестинските терористи“ истрелале противтенковска наведувана ракета кон израелски тенк и инженерско возило, кои се наоѓале на западната страна од граничната ограда, пренесува Тајмс оф Израел.

ИД додава дека еден од тенковите на израелската армија во знак на одмазда гранатирал „терористичка ќелија“.

Операцијата е дел од потрагата на армијата по телата на исчезнатите Израелци и расчистувањето на областа за претстојната израелска копнена офанзива.

Хамас ја презеде одговорноста за нападот, додаде Тајмс оф Израел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.