Израелската компанија „Камеро-тек“ создала уред кој им овозможува на војниците и полицајците преку ѕидови да гледаат што има внатре во зградите.

Станува збор за уред наречен „Ксавер 1000“, кој користи вештачка интелигенција. Уредот беше претставен на овогодинешниот саем за воена опрема „Евросатури“ во Париз.

Уредот им овозможува на војниците да гледаат работи и предмети внатре во реално време. Во „Камеро-Тек“ сметаат дека ова е може да биде клучен уред за војската, безбедносните сили, разузнавањето, но и за спасувачките тимови.

Од компанијата посочуваат дека уредот ги дава сите потребни информации во реално време. Визуелниот дисплеј е со висока резолуција, па, меѓу другото, може да се види дали некое лице седи, стои или лежи.

Користењето на овој уред бара малку обука, пренесува „Бизнис инсајдер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.