Израел со падобрани им испратил седум тони вода на војниците во Газа.
Како што соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ), ова е прв ваков логистичко-воен зафат.
На израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани им испорачавме околу седум тони вода. Системот „наведувано снабдување“ е напреден оперативен систем што овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија“, напишаа од ИДФ на својот канал на мрежата Телеграм.
Оттаму додаваат дека ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна, а во испораката го користела товарниот авион „Шимшон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.